Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на средношколци на Општина Куманово

Средношколците од Куманово, членови на Почетниот „Учиме право“ клуб при Младински Образовен Форум, денес беа на средба со Градоначалникот Максим Димитриевски во Општина Куманово.

Од Младинскиот Образовен Форум истакнаа дека е од суштинска важност да постои граѓански активизам кај младите и развиено чувство за акции за позитивни промени во локалната заедница и дека истото може да се постигне и преку запознавањето со работата и надлежностите на органите на единицата на локалната самоуправа и давањето прилика на учениците да се запознаат со оние кои ги претставуваат. Градоначалникот Димитриевски преку разговор ги охрабри младите секогаш да имаат визија за успех и јасно дефинирани цели за личен и професионален развој.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст