Прва конститутивна седница на Советот на Општина Куманово
На 23 ноември 2021 година (вторник), во големата сала на зградата на
поранешните општествено – политички организации, со почеток во 12 00 часот ќе се
одржи првата конститутивна седница на Советот на Општина Куманово по
следниот
Дневен ред
1. Избор на претседател и членови на Верификационата комисија за
верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина
Куманово;
2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина
Куманово;
Извештај на Верификационата комисија;
Предлог – Одлука за верификација на мандатите на членовите на
Советот на Општина Куманово;
Давање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот
на Општина Куманово;
3. Избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања,
избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
4. Избор на претседател на Советот на Општина Куманово;
5. Предлог-Решение за определување на членови на Советот на
Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во
Општината Куманово.