Прес конференција на претседателот на Советот на општина Куманово
Денеска претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска одржа прес конференција, во пресрет на следната редовна седница на Советот која ќе се одржи на 27.05.2020 (среда). Најавени беа теми и иницијативи, предизвикани од состојбата со COVID-19, на кои ќе се дискутира и решава на седницата. Се потенцираше целосното ослободување од плаќање на надоместок за престој на децата во ЈОУДГ “Ангел Шајче”-Куманово, за период од почетокот на затварањето се до повторно отворање.