Претседателката на Совет на Општина Куманово на средба со претставници на “Кумановски акцијаши”
По повод претстојниот Светски ден на волонтерите, 5 декември
претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска денеска
имаше средба со претставници на здружението „Кумановски акцијаши„.
Повод за средбата е доставување на Програмата за работа на
Здружението до Советот на Општината и размислувањата на тема
доброволна волонтерска работа, која носи добробит за граѓаните на
секоја Општина. Градоначалникот и Советот на Општина Куманово
продолжуваат во намерата да бидат активни поддржувачи на здруженија
од ваков тип, со цел да се негуваат традициите на доброволното работно
ангажирање, промовирајќи го волонтерството во сите сфери на
општествениот живот.