Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено отворање на инклузивно игралиште за ученици со попреченост во ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово

Денеска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во рамките на
проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран “ свечено беше
пуштено во употреба инклузивното игралиште за ученици со попреченост,
инклузирани во редовна настава во ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово.
Овој проект е финансиран од Европската унија, во реализација на
Фондација за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, со
партнерите Здружение за промоција и развој на инклузивно општество
“Инклузива” и Здружение за давање услуги на лицата со попреченост
“Хандимак”, со поддршка од Општина Куманово. Проектот се залага за
подобрување на образовни можности за децата со попреченост и
придонесува за развој на инклузивен несегрегиран потсистем на
основното образование, кој е отворен за сите и обезбедува
висококвалитетна настава и значајни можности за учење за сите ученици
со попреченост, а со тоа и ја зајакнува нивната социјална и образовна
вклученост. Покрај градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски,
на настанот се обратија и претставници од “Инклузива”, “Чекор по чекор”,
“Алфи Би”, како општествено-одговорна компанија и донатор на
игралиштето и директорот на ООУ “Браќа Миладиновци”.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст