Пчелен парк на градскиот кеј
На градскиот кеј денеска започнаа активностите од проектот „Здрава животна средина за сегашни и идни генерации„ на пчеларското друштво „Пчела„.
Со проектот се предвидува формирање на пчелен парк, каде што ќе бидат засадени дрвја и медоносни растенија, како и поставување на повеќе информативни табли за значењето на пчелата, пчеларството и заштита на животна средина. На настанот присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски.