Размена на градови на Мрежата на силни градови во Западен Балкан
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на отворањето на тридневната Регионална работилница, организирана од страна на Мрежата на силни градови во Западен Балкан, на која имаше свое обраќање.
Дел од настанот беа Градоначалници и претставници од институции во Република Северна Македонија и Албанија, претставници од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам, како и од невладините организации.
Главна цел на работилницата е размената на искуства и добри практики на градовите-членки на Мрежата, во поглед на спречување на насилниот екстремизам, проценка на локалниот ризик, како и планирање на идни активности во насока на спречување на насилен екстремизам.