Соопштение од Сектор за даноци и такси при Општина Куманово
Општина Куманово ги известува сите правни субјекти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноците на имот како и од Законот за комунална такса за фирмарина започнува постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ на годишниот данок на имот и годишната такса за фирма (назив на деловна просторија) за 2019 година.
Исто така пуштени се и опомени за неплатен данок на имот за 2019 година до сите физички лица, а од наредната недела ќе започнеме со дистрибуција на решенија за присилна наплата на ненаплатени обврски за данок на имот за физички лица заклучно со 2019 година.
Во месец јуни Општина Куманово ги дистрибуираше решенијата за данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2020 година до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Општина Куманово. Во истиот месец јуни правните субјекти добија и опомени за неплатен данок за 2019 година, а физичките лица во месец октомври.
Општина КУМАНОВО имаше разбирање и овој процес, не го спроведуваше додека траеше вонредната состојба.
Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат по основ на ненаплатениот годишен данок и комунална такса односно фирмарина (назив на деловна просторија) за 2019 година, Општина Куманово изготви решенија за присилна наплата кои се доставени до даночните, односно таксените обврзници.
Физичките лица од овој месец ќе почнат и тие да добиваат решенија за присилна наплата за сите години за кои ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот заклучно со 2019 година.
Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба да ги подмират своите обврски.
Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот , ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.