Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Социјален дијалог “Учи паметно, работи стручно”

Во организација на Секторот за образование при Општина Куманово и средните општински училишта во Занаетчиски дом – Куманово, се одржа социјален дијалог под мотото “Учи паметно, работи стручно!”
Присутните во салата проследија воведно обраќање на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека со инвестирање на време и  средства за унапредување на образовниот процес вложуваме во нашата иднина.
Дуалното образование има за цел да креира квалификуван стручен кадар кој ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес и компаниите, односно преку дуалното образование учениците ќе можат да стекнат вештини, да бидат стручни и подготвени за вработување во производството.
Свое обраќање имаше и министерот за образование и наука, доцент д-р Јетон Шаќири.
На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, претставници од Центарот за стручно образование и наука, Стопанска комора на РС Македонија, Центар за вработување Куманово, директори и претставници на актив на средни стручни  училишта, ЛЕР, ЛЕСС и компании од Куманово.
Главен акцент беше ставен на презентацијата на кампањата “Учи паметно, работи стручно”, по што следуваa дискусија и прашања поврзани со темата.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст