Утре ден на жалост во Општина Куманово
На денешната вонредна седница, советниците на Советот на Општина Куманово, донесоа одлука за прогласување на Ден на жалост во Општина Куманово. Утрешниот ден, 25.02.2020 година (вторник) е прогласен за Ден на жалост во општината, поради вчерашниот трагичен настан, кој се случи во село Романовце. Сочувство до семејставата на загинатите во несреќата упатија, Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на општината Атина Мургашанска, како и координаторите на советничките групи во советот.