ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
ЈАВНИОТ ПОВИК Е ПРОЛОНГИРАН ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 5 ДЕНА, ЗАПОЧНУВАЈЌИ ОД ДЕНЕС(19.03.2021)
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА:
- ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ (ЛЕСС) НА ОПШТИНА КУАНОВО ЗА ПЕРИОД 2021- 2025год.
- ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА ПЕРИОД 2021 – 2025год.
Почитувани,
Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) ги врши работите што се однесуваат на: дефинирање и утврдување на стратешките цели на Општина Куманово, стратешки документи (стратешки план за општината или за поединечни сектори, акциони планови и развојни планови) следење и нивна импламентација, мониторинг, евалуација и ревидирање и усогласување на постоечките планови со регионални, национални и меѓународни стратешки документи.
Програмата за локален економски развој на Општина Куманово претставува дефиниран збир на активности, планирани за реализација во текот на 2021 година, насочени кон потребите на граѓаните на општина Куманово а предвидени согласно можностите и условите со кои располага одделението.
Јавните повици се согласно Програмата за 2021год. која произлегува од Стратегија за ЛЕР на Општина Куманово (2019 – 2024год).
Цел на програмата е да изгради економски капацитет на локално ниво за да се подобри економската клима во овој регион а со тоа и животниот стандард на сите жители. Тоа е процес преку кој: јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор работат заедно како партнери за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања.
На следните линкови можете да ги проследите информациите за повикот:
3. Прилог-2. Предлог методологија на работа
4. Прилог-3-Образец-за-преглед-на-реализирани-услуги-
5.Прилог 4 Образец Финансиска Понуда
Контакт лице:
Донка Петровска, Раководител на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.
Телефон за контакт: 076 238 944
email: [email protected]