ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за оценка на предлог проекти поднесени на ГОи финансирани од страна на Општина Куманово
За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проекти од граѓанските организации за доделување на грант, Општина Куманово објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за оценка на предлог проекти поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој ќе биде објавен од страна на Општина Куманово.
Со транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.
Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:
- Ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
- Ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
- Ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
- Доколку претставникот не е во можност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
- Ќе го потпише извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.
Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно со Законот за асоцијации и фондации. Кандидатот треба да има:
- Претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
- Искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;
Кандидатите мора да ги достават следниве документи:
- Писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
- Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.
Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа / без финансиски надомест. Крајниот рок за поднесување на апликациите е седум дена од објавување на повикот.
Документите треба да се испратат електронски на следнава адреса:
Контакт : 076 238 944