Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ј А В Е Н   О Г Л А С за доброволно пријавување на партиципиенти во партиципативно тело

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 46 став (1) и став (3) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Куманово распишува

Ј А В Е Н   О Г Л А С

за доброволно пријавување на партиципиенти во партиципативно тело

Јавниот оглас се распишува во согласност со член 46 став (3) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/20), за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање.

Јавниот оглас ќе трае од 10.11.2020 до 10.12.2020 година или 31 ден, сметано со денот на објавување на веб страната на Општината.                                      

Во текот на јавниот оглас, заинтересираните физички лица можат да се пријават во писмена форма преку писарницата на Општината како претставници на:  невладини организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Врз основа на член 46 став (3) од Законот за партиципиенти во партиципативното тело се избираат од:

  • членови на комисијата за урбанизам на Општина Куманово;
  • стручните лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план;
  • претставници од урбаните и месните заедници;
  • претставници на невладини организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти;
  • стручни лица од бласта на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот

и нивното учество е на доброволна основа.

Партиципативното тело има консултативна улога преку пренесување на ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги разгледува планските програми во фаза пред истите да му бидат предложена на градоначалникот за одобрување, ги разгледува планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија исто така го разгледува и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде даден на стручна ревизија. Работа на партиципативното тело е јавна, а начинот на работа е уреден во член 7, 8, 9, 10 и член 11 од Деловникот за работа на партиципативно телно донесен од Советот на Општина Куманово на седница одржана на 28.10.2020 година.

За доставените пријави подносителите ќе бидат известени во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување пријави.

Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Куманово, www.kumanovo.gov.mk и на огласната табла во Општината

 
ГРАДОНАЧАЛНИК                                   на Општина Куманово 

Максим Димитриевск

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст