Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“20 години Поточиња”

Денеска во НУЦК “Трајко Прокопиев” со почеток од 10:00, 12:00 и 13:30 часот се одржа дваесеттото издание на детскиот фестивал  “Поточиња”.

Поточиња за првпат гостуваа во Куманово, a пред многубројната публика, меѓу кои беа и претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, Секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски и раководителот на Сектор за Култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита Александар Крстевски настапија 20 деца.

Покровител на оваа музичка манифестација, која беше од ревијален карактер е “Пап продукција” од Скопје.

Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката.  Старосната граница за учество на Поточиња е од 5 до 12 години.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст