“40 години со Нино, песна, љубов и вино”- јубилеен концерт на Нино Величковски
Во рамки на Програмата за одбележување на Ден на градот – “Ноемвриски денови 2023”, вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, се одржа концерт на Нино Величковски.
На сцената настапија еминентни музички интерпретатори, колеги на истакнатиот кумановски пејач, меѓу кои беа Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петрески, Перо Христов, Александар и Драган Спасов – Дац.
Изведувачите беа придружувани од музичките групи “Пријатели” и “Наши тамбураши” од Куманово, “Боеми”- Битола, “Табиет”- Свети Николе и Октет Куманово, музичкиот состав од кој потекнува вечерашниот домаќин Нино Вечичковски, кој поседува ризница од музички остварувања.
Водител и аниматор на музичкиот настан беше актерот Горан Илиќ – Гиле.
Дел од публиката беа градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.