Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Врз основа на IV општа мерка од Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година („Службен гласник на општина Куманово“ бр.16/22) и член 2 од Правилникот за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово, донесен од страна на градоначалникот на општина Куманово, бр.01-7941/1 од 17.10.2023 година, општина Куманово објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година
Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година бр.09-10073/18 од 20.12.2022 година, се распишува Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на теми:
-злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции;
-превенција на тинејџерска бременост;
-сексуално преносливи болести,
-подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат со вакцини;
-рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања.
- Критериуми
Како подносители на предлог-проекти остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово, можат да се јават здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, а кои ги исполнуваат следните критериуми:
– Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани/правни лица и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
– Да имаат Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности од областа на здравствена заштита;
-. Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово.
Едно здружение/правно лице на Јавниот повик може да поднесе најмногу до 3 (три) предлог-проекти за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита.
Секој предлог-проект се доставува со поединечно Барање до општинската архива.
- Потребна документација
Подносителите на предлог – проекти потребно е да достават:
-Барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
-краток опис на организацијата;
-предлог-проект за кампања, опис на активностите кои ќе се преземат;
-потребен буџет, како и опис на потребите од буџетот;
-трансакциска сметка на здружението.
- Рок и начин на доставување на предлог-проекти
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk и ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
Предлог – проекти со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ул. 11-ти октомври бб, 1300 Куманово“.
Барањата со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија/правни лица подетални информации за Јавниот повик можат да добијат на телефон: 078 292 799, лице за контакт Александар Крстевски.