ЈАВЕН ОГЛАС- ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИЈА
1.НАБАВУВАЧ
– ООУ”11 Октомври”од Куманово ул”Тодор Велков” б.б. Куманово -1300 ; email: [email protected]
Лице за контакт: Елизабета К. Костиќ – директор 031/424-235
Дополнителни информации , Програмите за екскурзиите и Образецот на Понуда може да се добијат од 08,00 часот до 15,00 часот на горната адреса
2.ПОНУДУВАЧИ
Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
- Да е регистриран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
- Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии во последните 3 години
- Да ги исполнува условите за превоз на групa деца согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца;
- На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5% од вкупна вредност на договорот.
5.Агенцијата да обезбеди лиценциран туристички водич и лекар.
Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.
- ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ
– Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност,согласно позитивни прописи на РМ,
-Договори- референтна листа и потврди на понудувачот дека во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии;
-Документ за превоз на група деца,согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца.
-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци , а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот;
– Описот на услугата ќе биде наведен во образец понуда, која треба понудувачот да ја подигне од училиштето заедно со програмите од училиштето.
-Лиценца за туристички водич и лекар.
- ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
–предмет на набавката е делив и тоа :
- Изведување на тридневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX одделение од 08 до 10 мај 2019 г.
- Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одделение од 29 до 30 мај 2019 г.
- Изведување тридневна настава во природа во Охрид за ученици од V одделение од 08 до 10 мај 2019 г.
- Изведување на еднодневна екскурзија во Дојран за ученици од III одделение на 21 мај 2019 г.
5.Вид на договор : Услуги со одложено плаќање и други поволности( попусти за второ дете и гратиси за деца од социјално загрозени семејства).
- КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
–Најниска цена по ученик
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
– Понудите треба да се доставуваат во рок од 5 работни дена од последното објавување во двата весника во архива на училиштето на адреса ООУ ”11 Октомври”од Куманово ул”Тодор Велков” б.б Куманово-1300.
– Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај”, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
– Период на важноста на понудите: до 10.06.2019 година
Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за изведување на екскурзија.
Комисија за јавна набавка
изведување на екскурзија