Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски присуствуваше на Форум на Изборното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот

Делегација на општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски овој викенд присуствуваше на Изборното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот која е формирана под покровителство на ОН а во која Куманово е член од 2009 година. Покрај избор на нови членови на органите на асоцијацијата на форумот се донесе резолуција поврзана со бегалската криза и заштита на животната средина како причини за дестабилизација на мирот и безбедноста во регионов и светот. Куманово повторно е реизбрано да биде член на управниот одбор со мандат од четири години заедно со  Волгоград (Русија), Ковентри (Велика Британија), Абуџан (Брегот на Слонова Коска), Крагујевац (Србија) , Морфо (Кипар), Пошоск (Полска),Словене Градец (Словенија) и Зуријек (Малта). Во рамки на посетата градоначалникот Димитриевски оствари и работна средба со градоначалникот на Сараево г-дин Абдулах Скака. Куманово беше домаќин на ваков настан во 2015 година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст