Триесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово
Утре (петок) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи триесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово.
Дневен ред
- Годишна програма за 2020 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
- Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;
- Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2020 година;
- Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2020 година;
- Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2020 година;
- Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2020 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2020 година;
- Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2020 година;
- Работна програма за 2020 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2020 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2020 година;
- Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2020 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2020 година;
- Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2020 година;
- Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за периодот 2020 – 2024 година;
- План за акција за имплементација на Стратегијата за локален економски развој на Општина Куманово за периодот 2020 – 2024 година;
- Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2020 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2020 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2020 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2020 година.