Одржан состанок на регионалниот кризен штаб
Денеска во просториите на Црвен крст Куманово се одржа работна средба на регионалниот кризен штаб, за преземените мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).На средбата присуствуваа Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и Секретарот на општината Стошевска. Се потенцираше воспоставување на координација помеѓу општинските кризни штабови и регионалниот штаб, сите државни и јавни институции, а беше презентиран и акцискиот план за постапување во вакви ситуации и конкретни преземени мерки и активности.