Прес конференција на претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Сашо Милковски денеска на прес конференција ги соопшти добитниците на Ноемвриска награда на општина Куманово за 2020 година. Оваа година листата на добитници, сосема заслужено, ја одбележаа еминентни лекари, кои одиграа клучна улога во периодот од започнувањето на пандемијата предизвикана од COVID-19.