Четириесет и деветта седница на Советот на Општина Куманово
На 13 ноември 2020 година (петок), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи Четириесет и деветта седница на Советот на Општина Куманово
Дневен ред
- Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2020 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.04.2020 – 30.06.2020 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Информација за финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Одлука за ставање вон сила на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад бр. 09-7937/37 од 14.11.2019 година донесена од Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;
- Предлог – Одлука за давање на времено користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на Општина Старо Нагоричане.