Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Модна ревија “Традицијата и современото живеење"

Во чест на 11 Ноември денеска во Занаетчиски дом се одржа
самостојна модна ревија “Традицијата и современото живеење” на
Гордана Митровска-Беба, организирано од страна на модно студио
“Етно Беба” и Здружение на уметници ракотворци “АРТИ КРАФТ”-
Скопје, поддржано од општина Куманово. На настанот беа изложени и
делата на “АРТИ КРАФТ”, кои го изработија сувенирот на град
Куманово за 2020 година. Овој настан го отвори Надица
Димитриевска, а присуствуваше и Секретарот на општина Куманово,
Александар Гелевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст