Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 24.11.2020 год.

Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки:

  • Општински штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите институции да организираат редовна дезинфекција на своите простории;
  • Општински штаб за заштита и спасување дава препорака и до управителите на станбените згради, во рамки на свои можности, да вршат зачестена дезинфекција на заедничките простории во зградите;
  • Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст