ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 27.01.2021 година (среда)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус). На состанокот присуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. Беа донесени следниве препораки:
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.
Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.