Претставени ДМС системот и “Една точка за услуги” во Куманово
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Целта на средбата беше претставување на системот за дигитално управување со документи, кој овозможува навремено и квалитетно завршување на работните задачи, како подобри услуги за граѓаните. Заедно ја отворија и “Една точка за услуги”, при што беа претставени услугите, кои граѓаните можат да ги добијат од државните институции по електронски пат.