ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 23.03.2021 година (вторник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Заради зголем број на заразени, особено млада популација и нивните семејства, апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на млади луѓе во поголеми групи.