Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово

Линк од Јавниот повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово во PDF-формат.

Врз основа на член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, а во врска со точка 3 од Правилникот за стандарди на квалитет на младинските центри бр.12-923/1 од 07.04.2021 година донесен од Агенција за млади и спорт и Одлуката за основање на младински центар во општина Куманово (Сл.гласник на општина Куманово бр.13/21), општина Куманово објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово

 

Се повикуваат сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на РСМ”, 10/2020) да поднесат пријава за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар  во Куманово.

 Во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во законот.

Со Одлука бр.09-7216/4 од 22.09.2021год, донесена на седница на Совет на општина Kуманово, општина Куманово основа Младински центар кој преку јавен повик ќе биде доделен на управување на младинска организација или организација за млади во временски период од 3 години, и тоа од февруари 2022 до февруари 2025 година.

Организациите потребно е да достават соодветна програма за работа на центарот преку која ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку:

 

  • Неформално образование: обучување и подучување на млади;
  • Информирање, менторство, подучување и советување;
  • Информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар во Куманово треба да биде од отворен тип и да им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена.

Заинтересираните организации потребно е да достават:

  • Пријава и годишна програма за работа на Младинскиот центар за периодот од февруари до декември 2022 година
  • Буџет за спроведување на предложената програма за периодот од февруари до декември 2022 година
  • Портфолио на организацијата која се пријавува на јавниот оглас, во кое јасно се гледа нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа
  • Биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведување на годишната програма – квалификувани младински работници врз основа на Националното портфолио за младински работници
  • Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци од организацијата или организациите

Висината на финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година е во процентуална вредност од 50% до 70% од потребните средства за реализација на поднесената Програма за работа на Младинскиот центар Куманово, но не повеќе од 600 000денари.

Градоначалникот на општина Куманово, ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, којашто врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 3 (три) дена по завршување на рокот од Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави Мислење со предлог за избор на младинска организација  или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар.

Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за разгледување и евалуација на пријави, Градоначалникот на општина Куманово, ќе донесе Одлука за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар.

Во рок од 3 (три) дена од донесената Одлука за избор, Градоначалникот на Општина Куманово ќе склучи Договор за управување со Младинскиот центар во периодот од февруари 2022 до февруари 2025 година, со младинската организација или организацијата за млади, која ќе биде избрана на овој јавен повик.

Во случај на заедничка пријава од повеќе организации, Договорот ќе биде потпишан со една од организациите (предложена во апликацијата) во име на неформалната група организации.

На огласот имаат право да се пријават младински организации или организации за млади со седиште во општина Куманово кои се регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади, постојат повеќе од 5 години и работат во полето на младинската работа и младинскиот активизам.

Потполнетите пријави заедно со Програмата и буџетот треба да бидат подготвени во формуларите изработени врз основа на стандардите за квалитет на младинските центри од Правилникот на Агенцијата за млади и спорт.

Пријавите да се достават до Општина Куманово во рок од 7 (седум) дена по објавувањето на јавниот повик во архива или по пошта на адреса: Општина Куманово, ул.11-ти Октомври бб, 1300 Куманово, со назнака ,,Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово

Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст