Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршен настан на проектот “Обединети во мирот”на Здружение на граѓани “Доверба”

Денеска во Занаетчиски дом Здружението на граѓани “Доверба”-Куманово одржа завршен настан во рамки на проектот “Обединети во мирот”. Беа презентирани резултати од активностите на проектот, кој е поддржан од “Екуменска иницијатива жена”-Хрватска. Во проектот се опфатени 40 ученици од ОСТУ “Наце Буѓони”-Куманово од различни етнички заедници, кои преку активности се обучуваа за создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација, како и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини на посредување и ученичка медијација. Беа одржани бројни обуки и работилници за решавање на конфликти и запознавање на културата на припадниците на различни етнички заедници. На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претседателката на Совет на Општината и претставници на општинска администрација. Ѓорѓиевска истакна дека овој проект претставува можност за зајакнување на капацитетите, кои ги поседуваат учениците, помош при справување со проблемите, со кои се соочуваат, како и правилен начин на подобрување на ефикасната комуникација, каде што учениците ќе се насочуваат кон наученото за време на проектните активности и на кој начин ќе можат практично да го применуваат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст