Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион

Денеска во Куманово беше промовиран готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион – „Духот на Североистокот„. Центарот за развој на Североисточниот плански регион и Платформата за рурален развој, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации изработија готвач, збирка на 30 рецепти за подготовка на јадења типични за овој регион. Целта е да се промовира традиционалните јадења од регионот меѓу локалните ресторани и приватни угостители и туристички објекти. На промоцијата присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски кој воедно е и претседател на Советот на Североисточниот плански регион, Постојан координатор на ОН  Луиза Винтон како и голем број на гости.

Овој прирачник за готвење е наменет за дополнително да го збогати оваа наследство, претставувајќи ги посебните вкусови кои доаѓаат од Североистокот на Македонија, односно регионите на Липково и Куманово,Осогово, Крива Паланка и Кратово. Традиционалните рецепти кои се наоѓаат во прирачникот  биле усовршувани низ вековите од страна на голем број генерации на домаќинки кои на најдобар начин ги користеле локалните состојки.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст