На 27.12.2017 година (среда) ќе се одржи четвртата седница на Советот на Општина Куманово
Дневен ред
- Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2018 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за периодот Јули – Септември 2017 година;
- Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2018 година;
- Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2017 година;
- Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2018 година;
- Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2018 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2018 година;
- Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година;
- Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2018 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.04.2017 – 30.06.2017 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;
- Работна програма за 2018 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на Правилникот за начинот на стекнување и распределба на средствата во ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
- Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2018 година;
- Годишна програма за 2018 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
- Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлог – договорот за остварување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлог – договорот за остварување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово 2018 – 2021;
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година;
- Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2018 година;
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Одлука за отворање на група во други просторни услови за вршење на дејност на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово во село Младо Нагоричане – Општина Старо Нагоричане ;
- Предлог – Акционен план за енергетска ефикасност на Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Куманово;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
- Предлог – Одлука за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово;
- Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување ‘‘Куманово – паркинг‘‘ Куманово;
- Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти “Куманово – гас” Куманово;
- Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година;
- Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2018 година.