Работна средба на градоначалници на Општините Куманово и Власотинце
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Власотинце Братислав Петровиќ и неговиот тим, по повод активностите на проектот “Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените подрачја“. Овој проект се одвива со поддршка на Европската Унија (ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Р Србија и РСМ), а се спроведува во Општините Лебане, Власотинце и Сурдулица во Р Србија, Куманово и Старо Нагоричане во РСМ. За таа цел Граѓанскиот центар “Активум” – Куманово организираше студиска посета на активностите на проектот и презентација на локалните општински и национални иницијативи за локален развој. На средбата присуствуваа и претседателката на Совет на Општината, претставници на Занаетчиска комора на РСМ и на општинската администрација. Беше разговарано за реализираните проектни активности, како и можности за идна соработка помеѓу двете Општини во областите на земјоделство и занаетчиство.