Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Куманово со барање до Владата на РСМ за отпишување на стариот долг на ЈП Водовод по примерот на општина Струмица и Берово

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со координаторите на Советничките групи, пред просториите на ЈП “Водовод” – Куманово денеска одржа прес конференција на која информираше за донесениот Заклучок на Советот на Општина Куманово со кој е побарано од Владата на РСМ да донесе одлука за обезбедување на финансиски средства на АД Водостопанство во државна сопственост за отпишување на долг од 151 милион денари на ЈП Водовод-Куманово, по примерот на донесената Одлука на Владата од 21.12.2021 година за отпис на долг на ЈПКД “Комуналец “– Струмица во износ од 84 милиони денари и долг на ЈПКР “Услуга”-Берово во износ од 6 милиони денари.

Донесената одлука произлезе по излагањето на Директорот на ЈП Водовод-Куманово, Оливер Стојмановски на последната 12-та Седница на Советот кој информираше за состојбата и стариот долг со којшто се соочува ова претпријатие, по што следуваше предлог на мнозинството во Советот и донесување на едногласна одлука од страна на советниците од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ.

Претседателката на Советот упати благодарност до сите членови на Советот за поддршката на оваа иницијатива која е од особено значење за ЈП Водовод и за Општина Куманово. Таа потенцираше дека Општина Куманово заслужува еднаков третман како и другите општини во државата,поради што очекува позитивна реакција од Владата на РСМ.

Во продолжение можете да ја погледнете целата прес конференција, како и одговорите на повеќе значајни новинарски прашања од страна на директорот на ЈП Водовод – Куманово.

“Почитувани, Куманово е општина на сите граѓани и без разлика на нашата различност – етничка, верска или политичка, ние дејствуваме заеднички за интересите на Куманово.
Во однос на информацијата што ја изнесе директорот на ЈП „Водовод“ – Куманово Оливер Стојмановски на последната 12-та Седница на Советот за состојбата и долгот со којшто се соочува ова претпријатие, на предлог на мнозинството во Советот на Општина Куманово, едногласно од страна на сите советници од СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ е изгласан следниот заклучок:
Советот на општина Куманово донесе заклучок со кој ме задолжи мене како претседателка на Советот на Општина Куманово да побарам од Владата да донесе одлука за обезбедување на финансиски средства на АД Водостопанство во државна сопственост за отпишување на долг од 151 милион денари на ЈП „Водовод“ – Куманово по примерот на донесената Одлука на Владата од 21.12.2021 година за отпис на долг на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица во износ од 84 милиони денари и долг на ЈПКР „Услуга“ – Берово во износ од 6 милиони денари.
Во дописот испратен до Владата изразив уверување дека по примерот на овие две општини, ќе ја донесат бараната одлука, со што ќе му помогнат Куманово.
Упатувам благодарност до сите членови на Советот за поддршката за оваа иницијатива која е од особено значење за ЈП „Водовод“, и за Општина Куманово.
Верувам дека за сите следни чекори кои треба да се преземат ќе бидеме сплотени со ист заеднички став, заедно залагајќи се за подобар живот на нашите сограѓани.
Мораме да продолжиме да работиме тимски и заеднички, со грижа и голема посветеност за наше Куманово!
Куманово заслужува еднаков третман како и другите општини во државата, затоа очекуваме позитивна реакција од Владата.
Ви благодарам!” – Ивана Ѓорѓиевска, Претседателка на Совет на Општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст