Свечено одбележување на 8 Септември – Ден на независноста на Македонија
Денеска пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад со свечена и пригодна програма беше одбележан државниот празник 8 Септември – Ден на независноста на нашата држава. Делегации на Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија – Општински одбор Куманово, на Општина Куманово, Совет на Општината, Армија на РСМ, Министерство за внатрешни работи, претставници на Собранието на РСМ, општински основни и средни училишта, јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот. Со пригоден говор пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. По официјалниот дел од свеченото одбележување, присутните имаа можност да ги погледнат изложените извадоци од документи настанати при одржување на Референдумот, односно покана за Референдум, Декларацијата за независност, која ја усвоил првиот повеќепартиски македонски парламент на 25 јануари 1991 година и орденот „8 Септември“.