Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски: Честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Од мое лично име и од име на Општина Куманово на сите граѓани го честитам Денот на независноста на Македонија!

31 година суверена, независна и самостојна Македонија, Македонија на горд македонски народ.
31 година борба за просперитет, за достоинство, за подобри услови за живот, за безбедна, силна и развиена, за европска Македонија.
Ова е патот по кој мора да продолжиме, но исклучиво како горди Македонци, со крената глава, да не се откажуваме, да продолжиме да бидеме како пиреј, упорни, не дозволувајќи никогаш да исчезнеме, секогаш да опстоиме, чувајќи ја нашата традиција, култура, историја, јазик, идентитет, чувајќи ја татковината.
Среќен Ден на Независноста!
Да живее Македонија!

Максим Димитриевски – Градоначалник на Општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст