Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски на конференција во Истанбул: Споделуваме искуства во имплементација на проекти финансирани од ЕУ, нови практики и очекување

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС заедно со колеги градоначалници од Македонија и градоначалници од регионот присуствуваат на Конференцијата „Енергетска и климатска транзиција и заедничко планирање“ на ГИЗ во Истанбул, Република Турција во рамки на 18-тото Генерално Собрание на НАЛАС.

„Конференцијата претставува убава можност за споделување на искуства во имплементација на проекти финансирани од Европската Унија, имплементирање на нови практики и очекувања. Верувам дека ќе размениме позитивни практики и идеи што ќе бидат од голема корист за граѓаните на општина Куманово“, истакнува Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст