Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ  СЛУЖБЕНИЦИ

Врз основа на член 11 член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19,14/20, 215/21 и 99/22 ), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015), Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2018) Секретарот на Општина Куманово, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ 

 

Се распишува интерен оглас за унапредување на 1 (еден)  административен службеник за следното работно место:

  1. Шифра: УПР 01 01 Б02 000

Звање и назив на работното место: Рaководител на  Сектор за поддршка на градоначалник и совет на општината, информирање и односи со јавноста и информатичка технологија

Назив на Сектор: Сектор за поддршка на градоначалник и совет на општината, информирање и односи со јавноста и информатичка технологија.

Број на извршители: 1 (еден) извршител.

Посебни услови:
–  ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Правни науки, Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент);

– работно искуство, и тоа: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

 Посебни работни компетенции:

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);

– потврда за положен испит за административно управување

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок;

– работни часови неделно: 40;

– работно време: почеток на работно време од 07:30 до 08:30 часот и завршеток на истото од 15:30 до 16:30 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа;

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.070,00 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас  треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:
–    да е државјанин на Република Македонија;
–    активно да го користи македонскиот јазик;
–    да е полнолетен;
–    да има општа здравствена способност за работното место и
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Куманово, при што административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–      да е оценет со оцена „ А ” или „ Б “ при последното оценување на кое бил оценуван,

–      да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

–     да поминал најмалку две години на истото ниво и

–     да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат пријава на службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси при општинската администрација на Општина Куманово [email protected]

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Куманово, во писмена форма да ги достават до Одделението за управување со човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатот може да приложи:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Напомена:  Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

 

                   

                                                                               Секретар на Општина  Куманово           

                                                                                        Александар Гелевски

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст