Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Софистицирани стилови и едноставност во изгледот на “Матурска рапсодија”

Во лапидариумот на НУ Музеј – Куманово вечерва се одржа модната ревија “Матурска рапсодија” на м-р Анита Стојчевски. Целосната организација е на оваа установа, поддржана од Министерството за култура на РСМ. Промотор на вечерашниот културен настан беше м-р Славица Христова од Музеј на град Скопје. Развојот на модните трендови на матурскиот фустан и културата на живеење беше успешно илустриран преку моделите од 60 – те години на 20 век па се до современите креации на дизајнери на новото време, инспирирано од актуелната мода. Ученици од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев” и СОУ “Перо Наков” ги презентираа фустаните од музејската збирка, како и од едногодишното истражување на авторот на ревијата. Согласно со фактот дека раниот период на модното живеење претставува непресушна инспирација, во ерата на еманципација на жената во различни периоди, на модната сцена беше истакната женственоста, заводливоста и слободата во полн сјај.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст