Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено субвенционирање на старите занаети и саем за мало стопанство во Куманово

Во организација на Регионална занаетчиска комора и Фондација за развој на мали и средни претпријатија,  денеска во НУЦК “Трајко Прокопиев”, се одржа свечено субвенционирање на старите занаети и саем за мало стопанство во Куманово. Проектот се реализира со поддршка на Општина Куманово.   Примарна цел е зачувување старите занаети во кумановскиот крај, како културно – историско наследство и промоција на малите и средни претпријатија кои работат на локално ниво. На настанот беа доделени субвенции на претставници на старите традиционални занаети, благодарници и плакети од страна на организаторите. Саемот за мало стопанство и стари занаети беше отворен за граѓаните, кои имаа можност да ги разгледаат изложбените штандови. Дел од програмата беше и музичкиот настап на членовите на фолклорниот ансамбл “Срма” – Куманово.  Денешниот прв саем го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Пред присутните се обратија претседателот на Занаетчиска комора на РСМ и претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији и претставници од страна на организаторите. На настанот присуствуваше и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст