Отворен ден на албанските паралелки од СОУ “Перо Наков” – Куманово
Во организација на учениците и наставниците од албанските паралелки од СОУ “Перо Наков”- Куманово, денеска се одржа презентација со изложбени штандови.
Отворениот ден е наменет за завршените основци, со цел да ги информира за начинот на изведување на наставата и креативните насоки кои се застапени во училиштето.
На изложбените штандови беа претставени текстилно – кожарската струка и економско – правна и трговска струка.
На настанот присуствуваа членови на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.