Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Последната ноќ на Јустинијан Први” – монодрама

Во Занаетчиски дом – Куманово, вечерва беше изведена монодрамата “Последната ноќ на Јустинијан Први”, во рамки на одбележувањето на 1540 години од раѓањето на големиот римски император, кој е од македонско потекло, роден во с.Таор (во близина на Скопје).
Пред публиката настапи артистот Петар Темелковски, на текст од истакнатиот македонски поет, драматург и романсиер, Јордан Плевнеш.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, високи претставници на МПЦ, Митрополит Кумановско – осоговски г.Григориј, Митрополит Повардарски г.Агатангел, членови на Совет на Општината и претставници од општинската администрација.Културната манифестација е организирана со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт – Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст