Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување до граѓаните на Општина Куманово во врска со воспоставување на двонасочен режим на сообраќај на улица “Страшко Симонов” и приклучни улици во Општина Куманово

Ги известуваме граѓаните на Општина Куманово дека согласно Одлука бр.09-3893/12 од 10.05.2023 за измена на режим на сообраќај на улица Страшко Симонов и приклучни улици во Општина Куманово, и согласно завршена изведба на хоризонтална и вертикална сигнализација дефинирана во Сообраќаен проект со тех.бр. 19/23 од 03.2023год. од изготвувач на проектна документација ДППИ “Простор” ДОО Куманово, со седиште на ул. Моша Пијаде бр.2, Куманово, проектант на фаза Сообраќај – Овластен проектант д.с.и. Живко Марковски со овластување бр.5.0039 со важност до 14.04.2026год., и Согласност од МВР – СВР Куманово со бр. 22.24.5-4228/2 од 12.04.2023год. на проектна документација која содржи Основен сообраќаен проект, од 10.06.2023година – Сабота, на улицата Страшко Симонов се воспоставува двонасочен режим на сообраќај од крстосница помеѓу улиците 3та Македонска Ударна Бригада и улица Страшко Симонов до крстосница помеѓу улиците Благој Илиевски – Гуне и улица Страшко Симонов.

 

Горенаведеното стапува на сила од 10.06.2023 година – Сабота.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст