Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

„Органска трпеза 2023” и „Агро Мак 2023”

Денес започнаа шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2023„ и втор меѓународен саем за земјоделство, технолигии, храна и преработки „Агро Мак 2023“. На саемот учествуваат производители, агенции, асоцијации, комори и здруженија од нашата општината и општините Конче, Трговиште,Ранковце и Старо Нагоричане. Исто така во рамките на саемот се организирани и работилници, панел дискусии, тематски мини-форуми и предавања. Саемот кој ќе трае три дена е поддржан од општина Куманово, а на истиот се обрати претседателката на совет Ивана Ѓорѓиевска.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст