Иднината на децата – столб на секое демократско општество
Денеска по повод Светскиот ден на учителот и Недела на детето, во
големата сала на зградата на поранешните општествено-политички
организации се одржа настан посветен на децата, во организација на
општина Куманово преку Сектор за образование и Здружение на
просветни работници Куманово. На настанот присуствуваа дечиња од
ЈОУДГ “Ангел Шајче”, првачиња од општинските основни училишта, во
придружба на одделенските наставници и директори на училиштата. Од
страна на учениците беа презентирани Правата на децата, како и творби
за учителот. Во своето обраќање градоначалникот Димитриевски истакна
дека наставниот кадар има одговорна професија, која со себе носи
посветеност и труд, со цел учениците да стекнат нови знаења и вештини.
Недела на детето поттикнува понатамошен развој на услови за подобра
положба на детето, при што ќе се обезбедат образовна, социјална,
здравствена и културна поддршка на секое дете во општеството.