Спортски настани во Куманово по повод 11 октомври
Во чест на 11 октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот во организација на Општински сојуз на спортови, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, ќе се одржат повеќе спортски активности.
На 11.10.2023 година ќе имате можност да ги проследите следниве спортски настани:
- 1. Турнир во пинг понг за млади надежи во организација на ОССК и ППК Куманово, во спортската сала на СОУ- Гимназија “Гоце Делчев”, со почеток во 10.30 часот.
- 2. Меѓународен атлетски митинг во организација на ОССК и АК Куманово, на атлетската патека во Соколана, со почеток во 10.30 часот.
- 3. Старт на велосипедска трка “Трофеј 11 октомври” во организација на ОССК и ВК Вело М, на булевар “Октомвриска револуција” (пред спортска сала), во 12.30 часот.
- 4. Аикидо семинар во организација на Аикидо клуб Агатсу и ОССК во просториите на клубот, со почеток во 19.00 часот.
- 5. Турнир во ракомет во организација на ОССК и МРК Куманово, во спортската сала на СОУ “Перо Наков”, со почеток во 11.00 часот.
- 6. На 15.10.2023 година ќе се одржи меѓународен куп 11 октомври во спортско риболовство во организација на ЗСРРК Пчиња и ОССК, на езерото Гого монд со почеток во 08.00 часот.