Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кумановска суџуклијада

Во организација на Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово, а со поддршка од општина Куманово, за прв пат оваа година се одржа манифестацијата „Кумановска суџуклијада„. Настанот на кој своите производи ги претставија четири компании од месопреработувачка индустрија од градот  се одржа во Касапски круг. Во музичкиот дел настапија бендовите : “Градски оркестар”, „Канон„ ,Тамбураши „Гезме“, “ТHE SOLUTION„ и „Бени и Нон Стоп“. Манифестацијата „Суџуклијада“  има хуманитарен карактер, средствата ќе бидат наменети за санација на просториите на Центарот за индивидуална работа со деца со попреченост „Инклузива“.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст