Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Денови на балканска етно ризница” – културно уметничка манифестација

Здружението за уметност, култура и заштита на културно наследство – “Ризница” од Куманово, организираше тематска музичка програма со наслов “Врањска вечер”, во чест на празникот 11 Ноември.
На овогодинешното осмо издание по ред, учествуваа фолклорни уметници од Врање и членови од КУД “Српски вез” – Куманово, кои се претставија со изворни музички песни и игри, на задоволство на публиката.
Културно – уметничкиот настан се одржа вечерва, во Занаетчиски  дом – Куманово, со поддршка на општината.
На манифестацијата присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст