Делегација од Општина Куманово на празнично одбележување на Денот на Врање
Претставници од Општината, предводени од секретарот Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска присуствуваа на свечена манифестација во збратимено Врање, по повод 146 години – ослободување од Османлиската империја.
Во знак на почит кон жртвите од вековното страдање, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Врање (1878) – “Чичко Митко”, потоа следуваше свечената седница.
Претстојот беше искористен за пријателска работна средба меѓу двете општини, на која беа предложени идеи и насоки за соработка и нови заеднички проекти.