Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на проект – “Мировно образование”

На денешната работна средба во Општина Куманово, беше промовиран проектот “Мировно образование”, во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши Македонија – Скопје и поддршка на Секторот за образование при Општината.
Целта на проектот е пропагирање на ненасилна комуникација меѓу средношколците, односно спречување на врсничкото насилство (булинг), појава која предизвикува загриженост меѓу наставниците и родителите, нарушувајќи го образовниот процес.
На состанокот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, раководителот на Секторот за образование, директори и претставници на стручни служби од општинските средни училишта и претставници од детската амбасада Меѓаши од Скопје.
Од промоцијата произлегоа конкретни насоки – предвидени се обуки и работилници за наставничкиот кадар и стручните служби при училишните центри, кои би започнале со потпишување на меморандум за соработка.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст