Концерт на “Бистрик” – Биља Крстиќ
Во Занаетчиски дом – Куманово, вечерва се одржа целовечерен концерт на вокалната работилница “Бистрик” – Биља Крстиќ, по повод отворањето на канцеларијата на српскиот културно – информативен центар – СПОНА, во Куманово.
Публиката имаше можност да проследи традиционални етно мелодии, кои ја отсликуваат српската култура, во изведба на препознатливиот музички состав, кој веќе 12 години успешно настапува на реномирани фестивали и светски сцени.